СПЕЦИЈАЛИСТИЧКА ОРДИНАЦИЈА ПО ОРТОДОНЦИЈА
Специјалистичка ординација по ортодонција Д-р МИЛОШЕВИЌ е основана 1992 год. од страна на Д-р Савка Милошевиќ, специјалист ортодонт. Од почетокот се следат и имплементираат најновите трендови во стоматологијата, а особено во областа на ортодонцијата. Наша цел е и едукација на пациентите во правец на превенција преку одржувањето на оралната хигиена и редовни контролни прегледи. Нашиот тим на доктори го сочинуваат Д-р Милена Милошевиќ (дипломирала на Стоматолошкиот факултет во Скопје 2001 год., специјалист ортодонт е од 2006 год.) и Д-р Сашо Трпески (дипломирал на Стоматолошкиот факултет во Скопје 1999 год., специјалист ортодонт е од 2005 год.)